Дел од новиот болнички крак во Струмица ќе стане ковид центар

110

Првиот спрат од новото крило на струмичката болница  со 100 легла ќе биде наменет за лекување на ковид пациенти од југоистокот.

„Новиот крак од струмичката болница го пренаменуваме како ковид центар. Опремен е и снабден со болнички кревети, со централен довод на кислород. Има капацитет од 100-тина кревети и за неколку денови ќе ставен во функција.

Денеска ги посетив болниците во Штип и Струмица каде заедно со директорите и вработените разговаравме за предизвиците кои произлегуваат од зголемениот наплив на пациенти заболени од ковид-19, напиша министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук.