Дел од Кисела Вода, Аеродром, Зелениково и Батинци утре без струја

132

Утре без струја ќе останат корисниците на дел од с. Батинци и дел од општина Кисела Вода, поради планирани технички зафати во дистрибутивната електромрежа во Град Скопје, соопшти РЦУК по добиено известување од „ЕВН Македонија“.

Во периодот од 9:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците на дел од с. Батинци, општина Студеничани. Корисниците на дел од ул. Драчевска како и дел од ул. Речиште, општина Кисела Вода, без струја ќе останат од 9:00 до 11:00 часот.
Без снабдување со електрична енергија ќе останат и корисниците на ул. Пандил Шишков бр. 3, Општина Аеродром.

Без струја во периодот од 9:00 до 10:30 часот ќе бидат и корисниците од с. Орешани, с. Таор, викенд населба Јане Сандански, Хајтек и Бујото Орешани, млекара Маско и сите стопански и нестопански објекти во тој потег, цела општина Зелениково со сите села кои припаѓаат на општина Зелениково (Ново Село, Пакошево, Гумалево, Тисовица, Градовци, Добрино, Дејковец, Вражале, Орешани, Таор како и викенд населбата Јане Сандански), во Општина Зелениково.

Во периодот од 9:00 до 10:30 часот без струја ќе бидат и корисниците на селата Студеничани и Морани, дел од с. Драчево кај Типо и Тулана, Бурдем пластик, фабрика Фруктал, Хајтек и Бујото како и млекарата Маско, во општина Студеничани.