Дел од Карпош утре без вода

41

Прекин во водоснабдување утре од 9 часот ќе имаат корисниците од улицата „Желево“ во Општина Карпош.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од Ф-100 мм на ул. „Желево“ бр. 3 во населба Карпош 4.

Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата.