Дел од жителите на општина Кисела Вода денеска без вода

49

Прекин во водоснабдување денеска од 10:30 часот имаат корисниците од улицата „Чедомир Кантарџиев“ и дел од корисниците од улицата „Свети Наум Охридски“ во Скопје.

Како што соопштија од јавното претпријатие „Водовод и канализација“, прекинот е поради санирање дефект на водоводни цевки со профил од 80 милиметри на улицата „Свети Наум Охридски“, бб.