Дел од автопат во градба среде населба

195

На социјалните мрежи се споделуваат фотографии од мост во изградба во Египет, како дел од проектот а автопат кој ги фрустрира и лути луѓето бидејќи е толку блиску до станбените зграфи што се лини дека е поврзан со нив.


Се наведува дека специфичен дел од мостот на автопатот прикажа на фотографиите е оддалечен приближно 50 сантиметри од станбените згради. Тоа значи дека автопатот е речиси на дофат на балконите.

Покрај екстремното количество загаденост, кое ќе настане кога ќе се дозволи сообраќај на автопатот, и луѓето ќе го претрчуваат за да стасаат до своите влезови, долните катови со многу жители и продавници ќе мораат да продолжат да живеат и под мостот на автопатот во темница.

Се проценува дека изградбата ќе чини околу пет милијарди египетски фунти, или речиси 317 милиони американски долари.

Како што се наведува на Боред панда, министерството за станбено планирање во Египет објаснило дека четирите згради кои се исклучително блиску до мостот се, всушност, изградени нелегално.

Одлука за рушење на овие згради е веќе донесена, ама притисокот од станарите и фактот дека мостот ќе биде во близина на зградите може да го продолжат или дури да го прекинат процесот.

Се планира издвојување 250 милиони египетски фунти за обештетување на жителите кои живеат во зградите чие рушење се планира.

Извор:www.boredpanda.com