Дел Воске удри по Неимар

43

Во последното интервју кое го даде за „Мундо Депортиво“, трофејниот шпански стручњак, Винсенте дел Боске, откри дека нема некое убаво мислење за бразилскиот интернационалец Неимар и испрати јасна порака до челниците на Барселона околу можниот негов кам-бек на „Ноу Камп“.

  • Тешко е да го тренираш Неимар, за кого сметам дека не е добар пример за фудбалер. Јасно е дека го сметам за врвен играч, кого би го сместил меѓу најдобрите петмина во светот, но има многу лоши особини. На теренот многу глуми, а кога знаете на кој начин ја напушти Барса, тогаш ви е јасно дека не е ниту добар човек. Клубот не смее да брза при одлуката дали ќе го врати Бразилецот. Тоа е одлука за менаџментот, не за Меси и соиграчите. Тука треба да се реши со студена глава, бидејќи нема фудбалер кој ќе каже лошо за друг колега, изјави Дел Боске во интервјуто за „Мундо Депортиво“.