Делови од три скопски општини денеска без струја

45

Дел од корисниците од скопските општини Ѓорче Петров, Аеродром и Карпош денеска ќе останат без струја. 

Од Центарот за управување со кризи информираат дека денеска без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците на село Волково улица „24“, општина Ѓорче Петров и тоа во период од 10 до 14 часот.

Во периодот од 09 до 14 часот, без струја ќе бидат и корисниците на дел од населба Лисиче – подулица Врполе број 1, 3 и 5, дел од улица „Мите Богоевски“, општина Аеродром, во периодот од 09:30 до 10:30 часот, корисниците на дел од улица „Гиго Михајловски“ зграда број девет влез три, во општина Карпош.