Делови од Кисела Вода, Карпош, Бутел и Ѓорче Петров без струја

155

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Кисела Вода, Карпош, Бутел и Ѓорче Петров, соопштуваат од РЦУК – Скопје.

Во периодот од 9 до 12 часот без напојување со електична енергија ќе останат корисниците од улицата „Саса“ вр.32 во населбата Пинтија, Општина Кисела Вода, од 9 до 13 часот корисниците од село Бардовци, Општина Карпош, од 9 до 15 часот од улиците „Бутелска“ бр 47,49 и 51, и сите потрошувачи на „Бутелска“ бр.7а од бр 1 до 19, Општина Бутел, а од 10 до 14:45 часот корисниците од селото Никиштани, ул „4“ кон училиштето, Општина Ѓорче Петров.