Делење бесплатни маски за граѓаните во Центар

207

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ на фејсбук се пофали дека успешно ја реализирале и денешната акција за делење бесплатни маски за граѓаните во Центар.

– На три локации нашите колеги делеа заштитни маски и ги едуцираа граѓаните како правилно да ги користат маските, со цел подобро да се заштитат од вирусот. Оваа акција ја спроведуваме како дополнителна мерка за зголемена безбедност и заштита од КОВИД-19 и подигнување на свеста кај граѓаните за опасноста од коронавирусот – напиша Богдановиќ.