Делегација на Македонскиот полициски синдикат се поклони пред гробот на Карев и на спомениците на Слива и на Мечкин Камен

57

Во чест на големиот државен празник, 2 август, Ден на Републиката делегација на Македонскиот полициски синдикат предводена од Претседателот на МПС Д-р Марјан Кицев,придружуван од Генералниот секретар Киро Трајковски и Зоран Кузмановски Потпретседател денеска положи свежо цвеќе и се поклонија пред гробот на претседателот на Крушевската Република Никола Карев во Македониумот на Гумење во Крушево како и пред пред споменикот на Слива „На хероите на Слива“ и пред споменикот на “Мечкин Камен”.

“Прославувајќи го 2-ри август, Денот на Републиката ние од Македонскиот полициски синдикат им упатуваме благодарност на сите херои од нашата историја чии идеали за слобода и независност ги преточија во реалност. Нивниот придонес не обврзува не само да го чествуваме големиот празник, туку да ја продолжиме нивната голема борба за напредна и успешна Република Северна Македонија- истакна Претседателот на МПС Д-р Марјан Кицев

Македонски полициски синдикат