Во чест на големиот државен празник, 2 август – Ден на Републиката, делегации на СДСМ денеска, ќе положат цвеќе и ќе оддадаат почит на загинатите борци на неколку локации.

Како што соопштуваат од Центарот со комуникации со јавноста на СДСМ, во Пелинце, пред Меморијалниот центар АСНОМ, во 11.00 часот, во рамки на државното одбележување на празникот, почит ќе оддаде и ќе положи свежо цвеќе делегација на СДСМ предводена од генералниот секретар Љупчо Николовски, Сања Лукаревска, членка на Централниот одбор на СДСМ и Мартин Костовски од ОО СДСМ – Куманово.
Во Крушево, во рамки на државното одбележување на празникот, делегација на СДСМ предводена од организациониот секретар на СДСМ Душко Весковски, придружуван од Оливера Чавкар, членка на ЦО на СДСМ и Трајче Калевски ќе положат свежо цвеќе во 10.30 часот пред гробот на Никола Карев и пред споменикот на Слива „На хероите на Слива“ и во 11.45 часот пред споменикот на Мечкин Камен.
Во Скопје, делегација на СДСМ во состав од поптртседателот Коста Петров и Марија Георгеивска, претседателка на ОО СДСМ Карпош во 9.15 часот ќе положи свежо цвеќе пред споменикот на Никола Карев и споменикот на АСНОМ во парк Жена борец, а во 9.35 пред споменикот на Методија Андонов – Ченто.
Во Смилево, делегација на СДСМ во состав Соња Карапец, претседавач на ЦО на СДСМ и Васко Талевски, во 09.00 часот, ќе положат свежо цвеќе и ќе оддадат почит на три спомен обележја: Mогила на Даме Груев – обелиск, споменик на Смилевските илинденци и спомен плоча на Партизанскиот одред “Даме Груев”.