Во галеријата при Музејот на град Неготино на 22. септември во 20 часот, ќе се отвори изложба на уметникот Трајче Чатмов.

Пред посетителите ќе бидат претставени околу 40 дела, повеќето создадени во време на корона изолацијата, и се надополна на циклусот “Баханалии“.

“Вистината како апстрактен поим на индивидуалноста на човекот е доблест од кој современиот хомосапиенс се’ повеќе се одалечува, се’ повеќе се плаши и крие, непризнавајќи ги своите слабости и недостатоци заборавајќи на севкупната несовршеност на својот вид. Но има еден момент кој го забораваме, а тоа е дека само со соочување со вистината ќе можеме да ги согледаме своите недостатоци и недостатоците на останатите, па и од таму да направиме соодветна пресметка по којa би си го обликувале својот микро свет. Токму ова е поривот со кој се создадени овие дела, раскажувајќи (прикажувајќи) вистинити прикази кои не мора да се случени надвор од мислата, со што сум се потрудил да навлезам и подлабоко во сопствената вистина, да ја уловам, затоа што како и кај сите е длабоко скриена во подсвеста“, вели авторот на изложбата.

Чатмов има реализирано повеќе самостојни изложби, а учествувал и во групни изложби во државата и странство.