Делата од Младинската керамичка работилница претставени во Македонски Брод

116

Делата создадени на седмата сесија на Младинската керамичка работилница што се одржа годинава во август во село Вранештица, беа претставени на изложбата што беше отворена во Домот на културата во Македонски Брод. На изложбата беа претставени педесетина керамички творби изработени од ученици од три средни училишта ОСУ „Мирко Милески“ и ОСУ„Дрита“ – Кичево и Средното училиште за уметност и дизајн „Лазар Личеноски“ од Скопје.

-Делата изработени на годинашната седма Младинска керамичка работилница ќе бидат изложени во Домот на културата во наредните седум дена. Поради пандемијата со Ковид-19 нема да има посети на организирани групи на ученици кои во поголем број во ист момент ќе ја посетат изложбата ,туку тоа ќе можат да го направат поединечно или во помали групи. Оваа изложба е навраќање на минатото во периодот кога керамичките производи имале универзална употреба во домаќинствата, од чување на вода, садови користени за подготовка и консумирање на храна  и друго, истакна Милена Стојческа, директорка на Домот на културата во Македонски Брод.

Таа појасни дека есенва била задоволителна културната понуда во градот, а претходната недела во Домот на културата била отворена и изложба на слики на нашата музичка икона Тоше Проески.