Англискиот репрезентативец Деклан Рајс не е задоволен од пишувањата во медиумите за настапите на Светското првенство во Катар и тврди дека другите репрезентации добиваат далеку повеќе пофалби во однос на нив.

Во неделата, во осминафиналето, Англија го совлада Сенегал со убедливи 3:0 и со тоа се пласираше во четвртфиналето каде што европските вицешампиони ги чекаат актуелните светски прваци – Французите.

  • Мислам дека не сме доволно пофалени за нашите настапи. Ако се погледнат другите репрезентации, како Холандија и Аргентина, нивните убедливи победи беа оценети како врвни перформанси. Секогаш сме на мета на критичарите. Негативностите секогаш излегуваат на површина. Нашите последни натпревари беа без грешки. Мислам дека другите репрезентации треба да почнат да се плашат од нас, бидејќи ние сме одлична репрезентација, изјави Рајс.