Дезинфицирани 162 згради

110

Откако се изврши дезинфекција на влезовите на зградите во населбите Стар Чаир и Топанско Поле, денес овој витален процес за здравјето на граѓаните, Општина Чаир го продолжи и низ: зградите на улицата „Џон Кенеди“,
зградите во населбите Серава, Гази Баба, Саат Кула, Дуќанџик, како и колективните згради во зоната на Бит Пазар, во близина на Трговскиот Центар “Мавровка“.

Како што велат од локалната самоуправа, со ова се заокружи преземената акција коja опфати дезинфекција на вкупно 162 влеза на колективните згради на територија на Општина Чаир.