Дезинфекција на јавните површини во Центар

309

Повторна дезинфекција на јавните површни на цела територија на Општина Центар. Градоначалникот Саша Богдановиќ информира дека улиците се дезинфицираат со течен концентрат и се чистат со активен кислород кој има високо гермицидно дејство.

– Концентратот е еколошки, биоразградлив и не ја загадува околината и делува против сите видови грам-позитивни и грам-негативни бактерии, вируси и габички. Вкупно 40 тони средство за дезинфекција се распрскува во сите општински маала: Дебар маало, Капиштец, Водно, Буњаковец, Кале, Пролет, Маџир маало и населба Крњево – вели Богдановиќ.