Дезинфекција на зградите во Топанско поле

490

Денеска се врши дезинфекција на влезовите на колективните згради во населба Топанско Поле, отако претходно истото беше направено во влезовите на зградите во населба Топанско Поле.

Процесот на дезинфекција се реализираше во сите згради низ улиците: Методија Митевски, Петар Ичко, Никола Грчето, Аугуст Цесарец, Никола Малешевски, Благоја Паровиќ и Ферид Мурад.

Со работа ќе се продолжи до целосната дезинфекција на сите колективни згради на територија на Општина Чаир.