Дежурни екипи во три смени ќе ги ловат загадувачите

88

Инспекторите на Град Скопје одржале координативен состанок со полициска станица Центар каде е договорена динамиката на работа. Притоа, како што информираат градските власти, формирани се заеднички дежурни екипи во три смени кои се состојат од комунален инспектор, инспектор за животна средина, комунален редар како и полициски службеник.

– Со вака формирани тимови ефикасноста на терен значително ќе се подобри. Граѓаните можат да пријавуваат на ФБ-страницата на Инспекторат на Град Скопје за сите нерегуларности во однос на загадување на животната средина – велат од грдаскиот Инспекторат.