Дежурни билетарниците кај Транспортен центар, Зелено Пазарче и во Ѓорче

112

Од јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ информираат дека утре, дежурни ќе бидат три билетарници.

Од 7 до 19.30 часот ќе работат билетарниците кај Транспортен центар и Зелено пазарче, а од 7 до 13 часот, отворена ќе биде билетарницата во Ѓорче Петров.