Девојчето кое во сообраќајната несреќа кај Мостар го загуби целото семејство, се бори за живот

1346

Во синоќешната страотна сообраќајна несреќа кај Мостар, погинаа четири лица а уште четири се тешко повредени. Меѓу повредените е и тригодишно девојче кое се бори за живот. Во несреќата настрада целото нејзино семејство, мајката, таткото и постариот брат.

„Девојчето (3) е хоспитализирано на Одделот за анестезија, реанимација и интензивно лекување. Се здобила со тешки телесни повреди кои во овој момент се опасни по нејзиниот живот“ – изјавиле за Avaz.ba од Универзитетската клиничка болница во Мостар.