Крајно интересна, но и духовита изјава имаше најдобриот хрватски кик-боксер, Антонио Плазибат, пред денешниот дуел против Тарик Кабабез во рамки на „Glory Kickboxing“ организацијата.

Хрватот одговараше на необични прашања на фановите, а едно се однесуваше на девојките, односно на кој начин им приоѓа на дамите.

  • Немав упад, тоа беше повеќе мајтап за мене и моите пријатели. Тоа е всушност многу глупаво и мислам дека не функционира, но кај мене проработи. За мојата вереница проработи. Таа седеше неколку маси подалеку од мене во еден добро познат. Почнав да ја гледам во лице како лудак. Гледав и не зборував, како вистинска конфронтација. Се обидов да бидам максимално сериозен, како пред борба. Јас и моите пријатели се забавувавме многу, но овој пат успеа. Знаеш што велат, девојките сакаат идиоти, одговори Плазибат.

Во ист стил прашањата продолжија, па го прашаа што би направил кога временска машина би не вратила 600 години.

  • Веројатно би отишол да дознам кој е кралот или кралицата, каде сум и што правам. И тогаш веројатно би почнал да им кажувам работи од историјата, работи што допрва ќе им се случат. Но, кога ќе размислам за тоа подобро, не би било паметно. Веројатно би ме запалиле на клада како да сум вештерка, веројатно би им покажал како да прават некои работи што ги знам, а тие уште не ги знаат. Да сум во католичка земја, веројатно би кажал работи што ги знам за црквата. Сега, кога ќе размислам подобро, каде и да се најдам, мислам дека ќе завршам запален на клада. Ќе видат лудак и ќе речат: „Овој треба да се запали“. Тогаш немало човекови права и мислам дека би бил во неволја во секое сценарио, додаде Хрватот.