Девојка на свои 25 години живее и се однесува како бебе/видео

72

Девојката Пејгеј од САД признала дека секое утре се буди со нарушување кое стручно се нарекува парафилиски инфантизам. Ова нарушување ги тера луѓето кои го имаат на необичен фетиш – желба да живеат како бебиња. Приказната за ова 25-годишно бебе ја објави прв „Дејли мејл“.

Таа се буди секое утро во колевка, самата на себе си менува пелени на кои месечно троши до 300 долари. Си игра со играчки, пие млеко од шишенце, го цица палецот, дури и има цуцла и тропалче.

Пејгеј започнала свој јутуб канал за да го документира својот необичен живот. Таа има 425 претплатници кои ѝ помагаат финансиски да може да си го купи сето она што е потребно да ги задоволи своите бизарни потреби. Целта ѝ е да им помогне на луѓето како неа и да каже дека сака да го победи срамот што го чувствуваат сите оние кои боледуваат од парафилиски инфантизам.

Ваков живот почнала да живее отоврено од мај, 2018 година, а денес како бебе се однесува дури и во јавност. Дека е поинаква чувствувала цел живот, а веќе од својата 18-та година почнала да го истражува своето нарушување па дознала дека постои цела заедница луѓе кои се борат со истото нарушување.

Отсекогаш собирав играчки и имав детска смисла за хумор па семејството и пријателите ме прифатија. Ако се однесуваш како да не станува збор за голема работа, луѓето нема толку да обрнуваат внимание, призна таа, ама истакна дека во јавноста, сепак, се среќава со осудувачки погледи.

 

„Многу луѓе ме прашуваат за коефициентот на ителигенција. Ме прашуваат зошто возрасна личност би сакала да живее вака. Не ми пречи тоа, не вреди да биде удостоено со одговор. Никого не терам да живее исто како мене“, заклучила Пејгеј.

Извор:Gardian.ng