Внуката на некогаш убавата и славна тенисерка од осумдесетисте години, Габриела Сабатини, Ориана, не крие дека покрај тоа што е со фудбалерот на Јувентус, Пауло Дибала, сака – девојки.

Дваесет и четиригодиншаната Оријана е во врска со Дибала, а во Аргентина е позната како поп и филмска ѕвезда, додека на социјалните мрежи ја следат над пет милиони следбеници.

  • Ако треба да си ставам етикета – да, мислам дека сум бисексуалка!, истакна Оријана, откривајќи дека покрај со мажи, сака да води љубов и со припаднички на понежниот пол.

Што се однесува до нејзината љубовна врска со ѕвездата на Јувентус, тие се заедно веќе три години и уживаат сами во стан во центарот на Торино. Двојката се запозна во 2017 година во Буенос Аирес благодарение на концертот на Аријана Гранде.

Како што пишува „Монитор“, Оријана била танчерка во најавата за настапот на Аријана, а Дибала бил воодушевен од нејзината убавина, го пронашол нејзниот мобилен број и веднаш ја викнал на пијачка.