Девојката врз која сер Иан Мекелен падна од сцената  за време на претстава опиша што точно се случило

198
epa07956941 British actor/castmember Ian McKellen attends the world premiere of 'The Good Liar' in London, Britain, 28 October 2019. The film will be released in UK cinemas on 08 November. EPA-EFE/NEIL HALL

Не се случува често да одите во театар и врз вас да падне да актер. Токму оваа сцена ја снајде Џоана, млада жена од Сари, кога Сер Иан Мекелен падна од сцената во театарот Ноел Куард.

„Да ви падне Сивиот Гандалф е нешто што не го очекувате“, рекла Џоана, која била пренесена во болница со повреди на меките ткива, пренесува Би-Би-Си.

Триесетгодишната девојка доби билети во првиот ред за да го погледне шоуто со нејзиниот брат и пријател.

Таа рече дека тоа било „фантастична продукција“ и дека тројцата уживале, се до сцената кога сер Иан колабирал.

Џоана рече дека актерот се чини дека „се сопнал на реквизит“ што бил на сцената.

„Кога се сопна, налета на мене и ме удри во главата“, рече таа.

Џоана рече дека седела со скрстени нозе, а главата на Сер Иан „прилично силно“ удрила во нејзиното колено.

Таа рече дека актерот врескал за помош и дека е „потресена од се“.

Персоналот, вели таа, притрча да му помогне на актерот, театарот беше евакуиран.

Во меѓувреме во фоајето ѝ помогнале две жени кои виделе дека е „во неволја“.