Прочуениот воз на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун минатата недела се појави во градот одморалиште Вонсан, откако Ким исчезна од очите на јавноста по што се проширија гласини дека има проблеми со здравјето.

Луксузниот воз беше виден на сателитски снимки и сега е извесно дека странските разузнавачи ќе го следат со оглед на гласините дека Ким починал.

Се претпоставува дека во возот се пренесува блиндираниот „мерцедес“ на Ким, а понекогаш се носи и блиндирано возило во кое е сместен неговиот личен блиндиран мобилен тоалет.

Возот со 20 вагони е опремен со кожен мебел, модерна сала за состаноци, сателитска ТВ и најпрефинета кујна.

Ким се среќава со персоналот на возот

Наводно, возот е полн со прекрасни „кондуктерки“, регрутирани од лично одбраната „Бригада на задоволствата“ на Ким. Тој од 2015 година започна регрутација на високи и убави девојки кои ќе му стојат на располагање.

Бригада на задоволствата

Девојките претходно се прегледани од лекар за да се утврди дали се уште се девици. Ако бидат примени во бригадата платата им е 1.400 евра што за Северна Кореја е огромна сума.

Освен девојки, во возот има и увозна храна и пијалаци. Се вели дека Ким обожува швајцарско сирење, шшампањ Кристал и коњак Хенеси.