Девет пациенти починаа, нови 176 случаи на заразени со КОВИД-19 во последното деноноќие

125

Во последните 24 часа регистрирани се 176 нови случаи на Ковид-19 во земјава. Оздравени се 80 пациенти, а починаа девет лица, информира денеска Министерството за здравство.

Спроведени се 870 тестирања, а од новодијагностицираните најмногу се регистрирани во Скопје – 61, Куманово-8, Дебар-1, Штип-14, Прилеп-5, Тетово-22, Струга-19, Велес-5, Битола-3, Охрид-14, Гостивар-7, Струмица-1, Кочани-2, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Пехчево-1, Кичево-6, Ресен-5.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 80 оздравени пациенти од: Скопје-5, Куманово-1, Штип-18, Тетово-30, Битола-2, Гостивар-8, Гевгелија-1, Струмица-1, Кочани-8, Берово-1, Валандово-2, Кичево-1, Ресен-2.

Починати се девет лица, седум пациенти од Скопје, еден од Тетово и еден пациент од Струга.

Како што информира Министерството за здравство, во ГОБ „8 септември“ починати се седум лица од Скопје, двајца пациенти на возраст од 62 години, останатите на возраст 56, 59, 74, 88 и 73 години.

Во КБ Тетово е починат еден пациент на возраст од 79 години. Во денешната статистика е евидентиран и пациент од Струга починат во „Филип Втори“ (Жан Митрев) на возраст од 84 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6080, бројката на оздравени пациенти е 2315, на починати е 286, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3479. Од вчерашните тестирања два се контролни, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

•       Скопје 2951, активни 1978
•       Куманово 740, активни 283
•       Дебар 91, активни 39
•       Штип 319, активни 176
•       Прилеп 250, активни 27
•       Тетово 664, активни 367
•       Струга 214, активни 131
•       Велес 178, активни 35
•       Битола 49, активни 16
•       Охрид 163, активни 139
•       Кавадарци 14, активни 8
•       Гостивар 111, активни 62
•       Гевгелија 10, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
•       Струмица 15, активни 10
•       Крива Паланка 15, активни 9
•       Радовиш 4, активни 0
•       Крушево 6, активни 3
•       Кочани 69, активни 24
•       Пробиштип 15, активни 10
•       Демир Хисар 2, активни 1
•       Македонски Брод 4, активни 2
•       Пехчево 6, активни 3
•       Берово 2, активни 0
•       Валандово 6, активни 2
•       Виница 3, активни 0
•       Делчево 1, активни 0
•       Кратово 4, активни 1
•       Свети Николе 25, активни 23
•       Кичево 30, активни 25
•       Ресен 98, активни 92
•       Неготино 21, активни 10 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

-Направените 870 теста се преку: ИЈЗ –396, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена –99, Биотек –74, МАНУ -153, Жан Митрев (Филип Втори) -29,  Судска медицина-0,  Систина  со PCR метода -71, ЦЈЗ Битола-28, лабораторија Лаор- 20. Досега во земјата се направени вкупно 58.765 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот, информира Министерството за здравство.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 98 пациенти. На кислородна поддршка се 45 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.  Во болницата во Козле 19 возрасни позитивни пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 8 нови, вкупно хоспитализирани се 129 пациенти. На респираторна машина се 9 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 39, а во болницата во Штип се хоспитализирани 28 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 80 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.