Девет од новозаболените се од иста фамилија од Чаир

227

Уште 12 новозаразени од Ковид 19 во Скопје во текот на денешниот ден, со што бројот на активни случаи достига 204, а вкупно заразени досега се 725, информираа од министерството за здравство.

Според информациите на „Фокус“, дури девет од заразените се од скопската општина Чаир и по еден од Гази Баба, Кисела Вода и Карпош. Нашите извори уште информираат дека сите девет заразени од Чаир се од иста фамилија.

Во последните десетина дена, според бројките Чаир, Гази Баба, Бутел и Сарај се најголема мета на опасниот вирус Ковид 19.