Деветте погодоци се доказ дека ги почитуваме

62

Манчестер Сити во првиот полуфинален дуел од англискиот Лига куп со рекордни 9:0 го победи нисколигашот Бартон Албион. Нормално, убедливиот триумф на актуелниот шампион над деветопласираниот тим во англиската Трета лига, не е никакво изненадување, но ретки беа тие кои очекуваа триумф со девет гола разлика.

Тоа е така затоа што “граѓаните”, куп-натпреварите и дуелите против нисколигашите, ги играат со резервниот тим и со половина гас.

Сепак, менаџерот на Сити се одлучи на сосема поинаков пристап, кој делуваше шокирачки врз противничките фудбалери кои во поголемиот дел од натпреварот не знаеја каде да трчаат и од кој играч да се бранат.

Веднаш по натпреварот, трофејниот шпански стручњак влезе на зелениот терен и поединечно се поздрави со сите играчи на Бартон, а на крајот го утеши и несреќниот голман кој прими девет погодоци.

Новинарите го прашаа Гвардиола зошто не направил неколку измени откако неговиот тим остварил предност од четири или пет гола разлика.

  • Ако не продолжевме со постигнување на погодоците, на тој начин ќе покажевме дека не го почитуваме противникот и натпреварувањето во кое играме, изјави Гвардиола.