Деветмина жители на Кочани по укажана лекарска помош биле пуштени дома

37

Девет жители на Кочани побарале помош по вдишување на чад во вчерашните пожари во градот. Од министерството за здравство информираа дека нема пациенти со потешки повреди, односно со изгореници.

„Министерството за здравство информира дека деветтемина жители на Кочани кои синоќа побараа лекарска помош поради вдишување на чад, како последица од пожарот се во добра здравствена состојба и сите се пуштени дома. Пациентите синоќа беа задржани во болница неколку часа и примаа кислородна терапија. Во пожарот нема поврдени со изгореници.“, велат од Министерството за здравство.

Кочани: Огнената стихија оштети куќи и возила, десетина граѓани побарале помош поради отежнато дишење