Одделението за внатрешни работи од Дебар приведе и лиши од слобода дебранец кој се обидел да силува своја сограѓанка.

-Во саботата околу 22 часот, го приведе и од слобода го лиши Б.Д.(33) од Дебар поради постоење основи на сомневање дека го сторил казненото дело „обид за силување“. Тој, делото го сторил во домот на 42-годишна жена, жителка на Дебар, изјави Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Тој додава дека по целосно документирање на настанот, против Б.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: МИА