Реномираниот француски спортски весник „Л’Екип“ интензивно ја следи кариерара на на корпулентниот кружен напаѓач од ДР Конго, Тјери Гатие Мвумби. Пикерот кој беше сензација на последното Светско првенство во Египет се поврзува со многу екипи од Франција. Сега на неговиот пат застана и шпански тим, кој наводно има интерес да склучи соработка со него.

Се работи за екипата на Кангас која настапува во најсилната АСОБАЛ лига. Шпанскиот прволигаш моментално се бори за опстанок во првенството и се наоѓа во долниот дел од табелата. Според францускиот весник, контактот е направен, но сè уште ништо не е договорено.

Моментално интернационалецот од ДР Конго настапува за екипата на Дреукс.