Ракометниот репрезентативец на Конго, Готје Мвумби Тиери, кој беше сензација на последното Светско првенство во Египет, во јануари годинава, има нов клуб.

Дебелкото од Конго, наредната сезона ќе игра во третата француска лига. Неговиот нов клуб е „Pouzauges Vendée“ што е чекор напред, бидејќи претходно играше по уште понизок ранг, поточно за четвртолигашот „Dreux AC“.