Дебарските иселеници за пример: Обезбедија таблети за ученици во социјален ризик

51

Дебарските иселеници во САД,кои редовно помагаат во родниот крај, сега својата поврзаност ја покажаа и во обезбедувањето таблет компјутери за учениците во социјален ризик во двете основни и средното училиште.

Со средства донирани од нив набавени се 255 таблет компјутери што ќе помогнат децата од овие семејства непречено да следат онлајн настава.

По Иницијатва на наши сограѓани кои живеат и работат во САД, за неколку дена собрани се 7.550 американски долари,со кои набавивме 160 таблет компјутери за деца кои не можеа да следат настава од далечина. Им се заблагодаруваме на овие наши сограѓани кои не го забораваат својот роден град и во овие тешки моменти низ кои минува целиот свет, изјави Ајет Мулареџа, директор на општинското основно училиште „Пенестија“, каде заедно со подрачното учлиште во село Џепиште настава следат 980 ученици.

Од вкупно обезбедените, 50 од компјутерите се наменти за ученици од ООУ„Саит Најдени“, каде настава следат над 400 основци.

Благодарност и почит за нашите во САД, но и за директорот Мулареџа што не ги заборави и нашите ученици.Во име на училиштето, учениците и нивните родители голема благодарност до мојот колега,со чие залагање се обезбедени таблетите,рече Бурим Казиу, директор на „Саит Најдени“.

Претходно иселениците од САД обезбедија 75 таблет компјутери за ученците од средното општинско училиште „28 ноември“, каде заедно со подрачните паралелки во село Могорче, настава следат 584 ученици.

Извор:МИА