Екипата на Уникс Казан, за која настапува македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ, ретко губи сезонава во ВТБ- лигата, но кога го прави тоа – го прави со стил.

Уникс сезонава претрпи два пораза, од кои едниот беше сосема очекуван од ЦСКА Москва. Овој пат загуби од Локомотив Кубањ, и тоа со 103:70. Домаќините одиграа далеку под своето ниво во оваа нова фаза (група на победници) и загубија со дури 33 разлика, што е резултат кој никој не го очекуваше ако се земе предвид дека рутински ги добија претходните две лигашки средби со овој ривал.

Нашиот Димитријевиќ го заврши мечот со 9 поени и 4 асистенции.