Двојно е намалено загадувањето на воздухот за четири години

37

-Загадувањето веќе не е топ-тема во Скопје и тоа е добра вест за скопјани. Официјалните бројки покажуваат нешто многу поразлично од тоа што го покажувале пред четири години, односно може да се забележи дека просечната вредност на ПМ честички на метар кубен е намален речиси за двојно.Ако во 2016 година сме имале 71,9 микрограми на метар кубен ПМ честички во 2020 имаме само 40, што е одличен резултат- истакна скопскиот градоначалник Петре Шилегов на вчерашната прес конференција.

Тој додаде дека иако се верува дека метеоролошките прилики се тие кои значително влијаат на квалитетот на воздухот, на годишно ниво, брзината на ветерот и температурата биле со речи си константни вредности.

– Ова значи дека токму мерките дале резултати, а не различните временски прилики“ – истакна градоначалникот Шилегов.

Тој потенцираше дека Градот презема многу мерки за загадувањето,  а резултатите и мерењата покажуваат дека стратегијата функционира. Освен тоа,се обезбедија субвенции за купување инвертери, чистење на оџаци, за 15.000 велосипеди. Исто така, се набавија нови 33 автобуси на гас, се подигнаа 300.000 квадратни метри ново зеленило а инспекциските контроли се зајакнаа.  А многу важен аспект на борбата со загадувањето е враќањето на Дрисла во владение на градот, каде веќе се користи новиот инсенератор за третирање на медицинскиот отпад. Со тоа, Скопје доби 10.000 активни оџаци помалку и стотина заменети котли за греење на државни згради.

Воедно, градскиот татко наведе дека се затворени 10 диви депонии и сите се исчистени во рамки на ГУП, а на нивно место се засадени дрвја и зеленило“.

Тој најави дека се издвоени 4 милиони евра субвенции за инвертери и средства за 30.000 субвенционирани велосипеди, а завршена е и секундарната гасификација и дека Градот е подготвен да се реализира финалната фаза и да донесе гас до домаќинствата.