Руските и белоруските спортисти нема да можат да учествуваат на Зимските параолимписки игри во Пекинг, кои стартуваат во сабота. Меѓународниот параолимписки комитет наиде на осуда откако првично дозволи да учествуваат натпреварувачи од двете земји.

Претседателот на тој комитет, Ендрју Парсон, ги опиша спортистите како „жртви на активностите на нивните влади“.

  • Ние цврсто веруваме дека политиката и спортот не треба да се мешаат. Сепак, војната дојде на овие игри и многу влади имаат влијание врз нашиот ценет настан. Одржувањето на безбедноста на нашите спортисти е од најголема важност, а ситуацијата во „селата“ ескалира, истакна Парсон.

На овие игри требаше да учествуваат 71 спортист од Русија и уште 12 од Белорусија, но тоа нема да се случи.