Две децении издавачка куќа „Три“- специјална едиција со 20 наслови

156

Дваесетe години постоење издавачката куќа „Три“ овој месец ќе ги одбележи со промоција на специјална едиција од 20 наслови кои во изминатите две децении оставиле најсилен печат во нивната работа и на македонската книжевна сцена.

Деновиве ќе бидат промовирани првите десет наслови од оваа едиција: „Последниот чај“ од Винка Саздова, „Пиреј“ од Петре М. Андреевски, „Папокот на светот“ од Венко Андоновски, „Се гледаме на врвот“ од Коста Петров, „Манастир Фуентерабија“ од Јагода Михајловска-Георгиева, „40 правила на љубовта“ од Елиф Шафак, „Мајсторот и Маргарита“ од Михаил Булгаков, „Сапиенс“ од Јувал Ноа Харари, „Лидер без титула“ од Робин Шарма и „Платформа“ од Мишел Уелбек.

Оригиналниот дизајн на кориците за оваа едиција е изработен од уметникот Зоран Кардула. Јубилејот во текот на целиот месец ќе биде одбележан и со значителни попусти на книги, акции, промоции и многу изнeнадувања за читателите.

Издавачката куќа „Три“ е основана на 23 ноември 1999 година.