Новиот сопственик на македонскиот и европски шампион Вардар, Михајло Михајловски полека го склопува тимот за наредната сезона. Досега за останување во тимот се постигнати договри со капитенот Стојанче Стоилов, Тимур Дибиров, Иван Чупиќ, Крисстијан Дисингер…, а најновите шпекулации во ракометните кулоари се дека во „црвено – црниот“ тим би можело наскоро да пристигнат уште две големи ѕвезди од ракометните терени.

Станува збор за Норвежанецот Елвид Танген и Словенецот Јуре Доленец, меѓу кои ќе се бара замената за летонскиот џин Кристопанс. Првиот би требало да допатува од данскиот Скјерн, додека за Словенецот би се преселили во Скопје од Барселона.