Два ровокопачи набавени за комуналните претпријатија

84

Две специјални возила за товар, ровокопач и ровокопач со утоварувач се набавени за потребите на јавните комунални претпријатија во општина Охрид. Градоначалникот Константин Георгиески истакна дека набавка е реализирана преку грант во вредност од околу 6,3 милиони денари, а општина Охрид учествуваше со 800.000 денари.

– Со оваа и со претходните модернизации кога беа набавени седум нови комунални возила, се подобрува капацитетот на општинските јавни претпријатија и услугите за граѓаните. Особено сме задоволни од поголемиот ровокопач, кој ќе може да се користи и за чистење на речни корита, диви депонии и во чистење на снегот во зимскиот период – рече Георгиески.