Она од што најмногу се плашеа организаторите на првиот грен слем турнир Австралија опен, се случи. Три недели пред стартот на турнирот во Мелбурн се случија и првите случаи на зараза со коронавирус. Тестовите покажаа дека две лица се позитивни после два лета од Лос Анџелес и Абу Даби за Мелбурн, па дури 47. тенисери и тенисерки како што се викторија азаренка, Слоан Стивенс, Марија Шакари, Гвидо Пела, Тенис Сандгрени Кеи Нишикори ќе мора да бидат во двенеделен карантин во хотелска соба.

Сите че мора да бидат во изолација, пто значи дека нема да можат да тренираат, што воедно претствува голем проблем пред стартот на Австралија опен кој е закажан за 8. февруари. Тие ќе можат да одработат само неколку тренинзи пред почетокот на турнирот што е недоволно за добро да се подготват за едно вакво натпреварување. За ситуацијата да биде потешка за Нишикори е тоа што тој го има прелжано вирусот во август годинава. Претходно дека е заразен со коронавирус објави британскиот тенисер Енди Мареј, кој најверојатно нема навреме да пристигне во Мелбурн.

Во Австралија веќе пристигнаа најголемите ѕвезди Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал, Доминик Тим. Тие во Мелбурн допатуваа ос чартерот од Барселона. За нив ќе има посебен третман, бидеќи ќе престојуваат во посебни хотели, односно нема да се мешаат со останатите тенисери.