Два позитивни случаи на Ковид-19 во Крива Паланка изминатите два дена

32

Според денешната статистика за новозаразени од Ковид-19 во Крива Паланка е регистриран уште еден дијагностициран случај, втор во последното деноноќие откако и по вчерашните резултати на Институтот за јавно здравје беше регистриран нов позитивен случај од оваа општина.

Со ова, вкупната бројка на активни случаи во Крива Паланка изнесува десет, а од почетокот на пандемијата па досега се регистрирани 24 позитивни лица на Ковид-19.

Според информациите од ПЕ на ХЕС на Центар за јавно здравје – Крива Паланка, вчерашниот случај е лице кое работи во локална конфекција во Крива Паланка, додека денешниот случај е лице кое работи во Куманово, а живее во Крива Паланка.

Во извештајот на Институтот за јавно здравје е регистриран и еден случај на излечен пациент од Кратово, со што вкупниот број на активни слуачи во оваа општина е седум, додека вкупниот број на регистрирани случаи од почеток на пандемијата изнесува 13.

Извор:МИА