Два нови случаи позитивни на Ковид-19 во Кавадарци

16
Два нови случаи позитивни на коронавирус се регистрирани изминатите 24 часа во Тиквешијата, изјави за МИА доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.
-Станува збор за машко и за женско лице од Кавадарци, на возраст од 56 и 58 години. Имале симптоми, а кавадарчанката е контакт на претходно потврдено позитивно лице на Ковид-19. Двајцата се со лесна клиничка слика на домашно лекување ,појасни Јовановски.
Се утврдуваат нивните контакти со цел да се изолираат.