Два натпревари суспензија за Неимар

34

Дисциплинската комисија на Француската фудбалска лига (LFP) го суспендираше напаѓачот на ПСЖ Неимар со три натпревари, од кои еден условно, поради црвениот картон во дербито против Лил.

Неимар беше исклучен во самиот финиш на натпреварот во неделата, бидејќи го турна со рацете Тијаго Џала, откако претходно беше фаулиран од истиот фудбалер покрај аут линијата.

Неимар, кој во последните 15 настапи во француското првенство доби дури три црвени картони, ќе ги пропушти натпреварите против Стразбур и Сент Етјен.

Судијата на дербито меѓу Лил и ПСЖ му покажа црвен картон и на Џала, кој е суспендиран на два натпревари, од кои еден условно.

Лил води на табелата со 66 бодови, три повеќе од второпласираниот ПСЖ, додека трет е Монако со 62 бодови.