Два напади на кучиња скитници врз граѓани во Кичевско

58

Во Кичевско во текот на вчерашниот ден се регистирнаи два напади на кучиња скитници врз граѓани, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

– Во текот на вчерашниот ден на територија на Општина Кичево се регистрирани два напада врз луѓе од кучиња скитници. Првиот напад се случил во село Лисичани каде настрадал А.С.(49), кој бил нападнат во близина на селскиот стадион. Вториот напад се случил во кругот на РЕК „Осломеј“ каде бил нападнат Ј.Ч.(43) од село Црвивци, рече портпаролот Димоски.

Од Кичево или околните села речиси секојднево стигнуваат информации за регистрирани напади од кучиња скитници врз недолжни граѓанини, при што често се случува жртвите да се здобија и со потешки повреди.

Повеќето напади завршуваат само со информација, но се почесто овие напади имаат судска разрешница, а граѓаните добиваат материјален надомест за претрпената штета која може да изнесува и повеќе стотини евра.

Извор:МИА