Два земјотреси ја затресоа Хрватска, вознемиреност во Загреб

639

Два послаби земјотреси регистрирани се вечерва во Загреб, во период од 10 минути, соопшти Сеизмолошката служба на Хрватска.

Во 19 часот и 56 минути е регистриран земјотрес со јачина од 2,1 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот бил во близина на Маркушевац.

Вториот земјотрес се случи во 20 часот и 5 минути, со јачина од 1,5 степени според Рихтеровата скала.