Два грома удриле во ист автомобил, очевидците само неми набљудувачи!/видео

131

Русинката Ана Наказњик се шокирала од чудото што, по некое чудо, останала неповредена кога во нејзиниот автомобил удриле истовремено два грома!

Автомобилот „тојота“ речиси се запалил откако во него удриле два грома во многу кратко временско растојание, а овој неверојатен удар бил снимен од блиско возило на семафор во Новосибирск.

„За момент ослепев и грчевито го зграбив воланот. Се случи толку брзо“, ја прераскажа траумата Галина Ершова, која била во возилото зад автомобилот во кој удрил гром.

Ана Наказњик која управувала со „тојотата“ рекла дека била изненадена што никој не и притекнал на помош откако се случила таа бизарна случка.

„Имаше многу очевидци, ама никој не застана. Сите само си продолжија да возат“, раскажала Ана, како што пренесе РТ.

Инаку, повеќето модерни моторни возила имаат вградена громобранска заштита од гром, за ризикот за возачот и за патниците да биде минимален, дури и и при директен удар на молња. Автомобилот на крајот го одвлекла шлеп скужба.