Двајца фудбалери за Кулибали

73

Англискиот премиерлигаш Манчестер Сити не се откажува од намерата да ги осигура услугите на стандардниот првотимец во дресот на италијанскиот калчолигаш Наполи, Калиду Кулибали. Централниот дефанзивец сака да ја промени клупската средина за време на летниот преоден рок, а голем интерес за неговите услуги покажа и новиот шампион на Англија, тимот на Ливерпул. Освен парична понуда, челниците на Сити се подготвени во обратната насока да го испратат и дефанзивниот двоец, Николас Отаменди – Олександр Зиченко.