Двајца тинејџери се убиени, а четворица ранети во вооружен напад на забава

83

Двајца тинејџери се убиени, а најмалку четворица се ранети кога вооружен маж извршил вооружен напад на домашна забава во градот Беј Сент Луис во американската сојузна држава Мисисипи.

Убиените тинејџери биле на возраст од 16 и од 18 години. Според информациите од полицијата убиството го извршил 19-годишниот Камерон Бренд кој набрзо по вооружениот инцидент бил уапсен.