Двајца скијачи загинаа во лавина во Австрија

79

Властите во јужниот дел на Австрија соопштија дека двајца скијачи загинаа во лавина на Алпите, прва оваа сезона.

Локалните медиуми објавија дека тие скијале надвор од обележаната патека во регионот Октал.

Службата за предупредување на опасност од лавини во австриската покраина Тирол вчера издаде соопштение за зголемен ризик поради обилните врнежи од снег.