Двајца пилоти загинаа при уривање на хеликоптер за време на тренинг лет на Крим

241

Двајца пилоти загинаа денеска кога руски хеликоптер Ми-28 се урна за време на тренинг лет на Крим.

Летот бил извршен без муниција, соопшти руското Министерство за одбрана.

Причината за падот на авионот е техничка неисправност, јавуваат руските медиуми.

Комисијата на главната команда на руските воздушни сили се упати кон местото на несреќата за да ги утврди сите околности на трагедијата, се додава.